Vrabotuvanje.com - Копал пченка, нашол златници и преку ноќ станал милионер
Share
Tweet
Share
Send to friend

Копал пченка, нашол златници и преку ноќ станал милионер

Еден човек од Кентаки стана милионер преку ноќ откако на своето поле со пченка пронашол ретки златни монети за кои се проценува дека вредат милиони долари.

Копал пченка, нашол златници и преку ноќ станал милионер

Тој ископал повеќе од 800 златни монети од ерата на Граѓанската војна кои датираат од периодот помеѓу 1840 и 1863 година. Видеото од неверојатното откритие го објави GovMint, куќа специјализирана за продажба на монети.

Coins Found Buried in Kentucky Could Confirm Theory From Civil War

Закопано богатство

Вредноста на златниците е во милиони, а се проценува дека можеби биле закопани како резултат на државната декларација за неутралност на Кентаки за време на американската граѓанска војна.

„Најневеројатното откритие во ова закопано богатство е околу осумнаесет златни монети од 20 долари од 1863 година. Ова е монета која честопати достигнува шест цифри на аукција“, рече GovMint.com, додавајќи дека монетите се во одлична состојба.


Извор: denar.mk
 
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more