Vrabotuvanje.com - Европа треба добро да се замисли: Дури 8 од 10-те најплатени фудбалери во светот играат во Саудиска Арабија
Share
Tweet
Share
Send to friend

Европа треба добро да се замисли: Дури 8 од 10-те најплатени фудбалери во светот играат во Саудиска Арабија

Саудиска Арабија полека, но сигурно, благодарение на огромната сума на пари го презема приматот во светскиот фудбал.

Европа треба добро да се замисли: Дури 8 од 10-те најплатени фудбалери во светот играат во Саудиска Арабија

Од 10-те најплатени фудбалери во светот, дури 8 играат за клубови од Саудиска Арабија. Овој податок го објави францускиот весник „Le Parisien“ и со тоа привлече големо внимание во светската спортска јавност. Ѕвездите на европскиот фудбал пронајдоа златен рудник на Арапскиот полуостров.

Најплатените фудбалери во светот моментално се Кристијано Роналдо од Ал Наср и Карим Бензема од Ал Итихад. И двајцата заработуваат по 200 милиони евра годишно, без бонуси и премии.

Нејмар во Ал Хилал и Нголо Канте во Ал Итихад добиваат двојно помалку или 100 милиони евра по сезона. По оваа четворка е Килијан Мбапе, единствениот фудбалер кој игра во Европа, каде сè уште се игра најквалитетниот фудбал. Французинот заработува 70 милиони евра годишно во ПСЖ.

По него, на списокот е Лионел Меси, втор фудбалер кој не е член на некој од клубовите од Саудиска Арабија. Аргентинецот во Интер Мајами има годишен приход од 45 милиони евра.

Понатаму на листата се Садио Мане од Ал Наср (40 милиони евра), Џордан Хендерсон од Ал Итифак (40 милиони евра), Ријад Марез од Ал Ахли (35 милиони евра) и Калиду Кулибали од Ал Хилал (30 милиони евра).

Во групата на најплатени фудбалери е и Србинот Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој во Ал Хилал заработува 25.000.000 евра годишно.

Извор: supermen.tocka.com.mk

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more