Vrabotuvanje.com - Директор на австралиска компанија на секое интервју за работа користи тест со кафе: „Сè се сведува на една работа“
Share
Tweet
Share
Send to friend

Директор на австралиска компанија на секое интервју за работа користи тест со кафе: „Сè се сведува на една работа“

Австралиецот Трент Инес со години е директор на компанија која се занимава со софтвери, па често имал прилика да вработува нови луѓе. Трикот кој го осмислил му помага во изборот на кандидати, а не е поврзан со знаење и способност, туку се работи за „проверка“ дали личноста би се вклопила во колективот.

Директор на австралиска компанија на секое интервју за работа користи тест со кафе: „Сè се сведува на една работа“

„Кога некој ќе дојде кај мене на интервју за работа, секогаш му ја покажувам канцеларијата и го носам до една од кујните. Некако секогаш од кујната таа личност излегува со кафе или некаков друг пијалак“, открил директорот во својот поткаст. Откако прифаќал пијалак, кандидатот се враќал на интервјуто.

„Кандидатот го пие својот пијалак, до крајот на интервјуто. На крајот од интервјуто набљудувам што ќе направи со својата чаша“, рекол Трент.

Објаснил дека на крајот од интервјуто, една работа за која секогаш размислува е дали таа личност ќе ја врати празната шолја назад во кујната.

„Измиј ја својата шолја кафе“
Одговорот на ова во целост се заснова на постапките на кандидатот, кои исто така во голема мера одредуваат дали Инес верува дека тоа лице е вистинската личност за работата.

„Можете да развиете вештини, можете да стекнете знаење и искуство, но сè всушност се сведува на ставот“, објаснил тој, а потоа заклучил:

„Ставот за кој зборуваме е концептот „измиј ја својата шолја за кафе“. Навистина сакате да бидете сигурни дека имате луѓе кои имаат вистинско чувство за одговорност за своите постапки, почит кон другите и тимска работа во колективот“.

Извор: supermen.tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more