Vrabotuvanje.com - Се нудат 15 илјади евра и куќа за едно евро - Италија со нов повик за 3000 странци
Share
Tweet
Share
Send to friend

Се нудат 15 илјади евра и куќа за едно евро - Италија со нов повик за 3000 странци

Италијанската влада одвои 45 милиони евра за 3.000 луѓе кои се подготвени да се преселат на Сардинија.

Се нудат 15 илјади евра и куќа за едно евро - Италија со нов повик за 3000 странци

Овој магичен остров, втор по големина во Средоземното Море, е познат по своите песочни плажи и тиркизното море, но ова мало парче рај се соочува со намалување на населението бидејќи се повеќе млади луѓе заминуваат во големите градови.

Оние кои сакаат да ја искористат поддршката мора да се преселат во општини со помалку од 3.000 жители, а сите корисници на поддршката мора да ги искористат добиените пари за купување или реновирање куќа.

Куќа на Сардинија може да се купи за неверојатна цена од едно евро, а корисниците мора да живеат во новиот имот и да аплицираат за постојан престој на Сардинија во рок од 18 месеци од пристигнувањето.

Италија се соочува со големи демографски предизвици, што е особено видливо во руралните области.

Минатата година беше објавена информација дека Сардинија има најмал број родени деца во целиот свет.

Исто така, се предвидува дека просечната возраст на Италијанците ќе се зголеми од 45,7 години на 50,7 години до 2050 година.

Инаку, интересно е што на Сардинија живеат голем број стогодишници.

Дури 500 луѓе се постари од 100 години, што го прави овој остров уште понеобичен.

Извор: a1on.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more