Vrabotuvanje.com - Виена воведе строги правила за тротинетите: Ќе се контролираат како и другите возила
Share
Tweet
Share
Send to friend

Виена воведе строги правила за тротинетите: Ќе се контролираат како и другите возила

Однесувањето на возачите, паркирањето на електричните тротинети и нивната техничка опременост ќе се контролираат на ист начин како и другите возила.

Виена воведе строги правила за тротинетите: Ќе се контролираат како и другите возила

Во Виена денеска стапува во сила нов пакет мерки поврзани со движењето на електричните тротинети по улиците.

Компаниите што ги изнајмуваат овие возила мора да ги исполнуваат релевантните технички услови – возилата мора да бидат опремени со трепкачи, регистарски таблички, со звучен предупредувачки сигнал, две сопирачки, стабилен држач и кју-ар код.

Однесувањето на возачите, паркирањето на електричните тротинети и нивната техничка опременост ќе се контролираат на ист начин како и на другите возила.

Покрај овие правила, се разгледува опцијата во иднина да се забрани и внесување тротинети во јавниот превоз, како што налагаат актуелните прописи во Лондон, Барселона и Берлин.

Инаку, од денеска во Париз изнајмувањето јавни тротинети е забрането откако на референдум со мала излезеност речиси 90 отсто од граѓаните гласаа за забраната.

Парижаните гласаа против тротинетите бидејќи беа незадоволни што корисниците возат брзо меѓу пешаците, што ги оставаат „каде ќе им текне“ и што предизвикаа неколку несреќи.

Извор: 360stepeni.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more