Vrabotuvanje.com - Мал тропски остров заработува милиони долари поради интересниот интернет домен
Share
Tweet
Share
Send to friend

Мал тропски остров заработува милиони долари поради интересниот интернет домен

Островот Ангвила оваа година би можел да заработи десетици милиони долари само од неговиот интернет домен кој завршува на .AI

Мал тропски остров заработува милиони долари поради интересниот интернет домен

Ангвила се наоѓа на Мали Антили, има околу 13.500 жители и многу популарен домен, чија екстензија е AI, односно кратенката за вештачка интелигенција (artificial intelligence).

Тој го поседува доменот уште од деведесеттите години на минатиот век, но неодамна стана „жешка стока“, особено од крајот на минатата година кога интересот за вештачката интелигенција и доменот .AI се разгоре по лансирањето на ChatGTP.

Поради оваа причина, се повеќе технолошки стартапи, но и големи и познати ИТ компании (вклучувајќи ги Google и Microsoft) регистрираат .AI домени со цел да привлечат посетители заинтересирани за вештачка интелигенција на нивните сајтови.

Минатата година бројот на регистрирани домени во Ангвила се удвоил на 287.432, а годинава се очекува уште поголем пораст на бројот на неговите корисници, што според проценките на тамошниот национален регистар на интернет домени може да донесе приходи од 25 милиони до 30 милиони долари.

Колку пари се ова за Ангвила покажува податокот дека БДП на целиот остров во 2021 година изнесувал 300 милиони долари.

Извор: usb.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more