Vrabotuvanje.com - Еве кога се враќа евтина струја!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Еве кога се враќа евтина струја!

Еве кога се враќа евтина струја!

Од 1 декември треба да се врати евтината тарифа на струјата која според најавите би била во периодот од 13 до 15 часот, но таа ќе биде достапна само за околу 200 илјади корисници кои имаат „паметни“ дигитални броила. За останатите домаќинства, Електродистрибуција очекува евтина струја да има до крајот на декември, но за тоа ќе биде неопходно да им се дозволи на читачите на броила да ја прочитаат фактичката состојба и рачно да ги подесат.

Броилата се читаат еднаш месечно и оние кои ќе бидат достапни веднаш ќе бидат прилагодени за евтината струја и преку ден, појаснуваат од ЕВН.

Извор: telma.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more