Vrabotuvanje.com - Објавени податоците: Колку изнесува просечната плата во Загреб?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Објавени податоците: Колку изнесува просечната плата во Загреб?

Просечната месечна нето-плата исплатена по вработен од правни лица во градот Загреб за јуни годинава изнесува 1.317 евра.

Објавени податоците: Колку изнесува просечната плата во Загреб?

Ова е номинален пораст од 1,1 отсто во однос на мај и зголемување од 10,4 отсто во однос на јуни лани.

Ова го покажуваат податоците на Секторот за статистика на Градскиот завод за економија, еколошка одржливост и стратешко планирање.

Споредено со просечната месечна плата за јуни на ниво на Хрватска, која изнесува 1.150 евра, просечните загрепски нето исплати за јуни се повисоки за 167 евра.

Највисоката просечна месечна нето-плата за јуни годинава е исплатена во екстракција на сурова нафта и природен гас и изнесува 2.065 евра.

Најниска плата е исплатена во производството на кожа и сродни производи и изнесува 727 евра.

Просечната месечна бруто-плата по вработен во правните лица во Загреб за јуни годинава изнесува 1.872 евра, што е номинално зголемување од 1,2 отсто во однос на мај и зголемување од 12,1 отсто во однос на јуни минатата година, објави Хина.

Извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more