Vrabotuvanje.com - Река вино течеше низ улиците: Снимки од Португалија го обиколија светот!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Река вино течеше низ улиците: Снимки од Португалија го обиколија светот!

Неверојатна снимка доаѓа од градот São Lourenço do Bairo во Португалија, откако се излеале 2,2 милиони литри од два цистерни со вино.

Река вино течеше низ улиците: Снимки од Португалија го обиколија светот!

Имено, под неразјаснети околности се излеале два цистерни сопственост на дестилеријата Левира.

Граѓаните на овој португалски град со неверување гледаа во поплавата од вино што тече низ улиците, а таа количина на вода е доволна да наполни еден олимписки базен.

Поради големото излевање, локалните власти беа принудени да издадат еколошка опомена и да го пренасочат текот на виното, за да не ја загади локалната река Чертима.

Дестилеријата Левира се извини за необичниот инцидент.

„Ние преземаме целосна одговорност за трошоците поврзани со чистење и санирање на штетите, а нашите тимови се на располагање да го направат тоа веднаш“, велат тие.

Како изгледа кога низ улиците течат 2,2 милиони литри вино, погледнете го видеото во продолжение:

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more