Vrabotuvanje.com - Армијата отвори оглас за вработување на 150 војници
Share
Tweet
Share
Send to friend

Армијата отвори оглас за вработување на 150 војници

Министерството за одбрана денеска објави оглас за прием на 150 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија...

Армијата отвори оглас за вработување на 150 војници

Министерството за одбрана денеска објави оглас за прием на 150 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија. Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена вклучувајќи го и денот на објава. Условите за пријавување на лицата на јавниот оглас се следни:

– да се државјани на Република Северна Македонија;

– да се полнолетни;

– да имаат завршено најмалку средно образование;

– да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни.

Платата на идните професионални војници од моментот на склучување на договор ќе изнесува над 31.000,00 денари со дополнителни над 10.000,00 денари – средства за станбено обезбедување.

Кандидатите за професионални војници својата пријавата може да ја поднесат на неколку начини:

– по електронски пат заедно со потребните документи на следниот е-маил: јавеногласпфвЖморм.гов.мк;

– до Одделенијата за одбрана во или блиску до местото на живеење, заедно со потребните документи.

Во постапката за избор, кандидатите за професионални војници ќе подлежат на тестови за физичка подготвеност и на здравствени прегледи спроведени од посебни комисии.

Подетални информации во однос на Јавниот оглас може да се најдат на веб-страницата на Министерството за одбрана https://www.mod.gov.mk.

Извор: mrt.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more