Vrabotuvanje.com - Во Хрватска ќе одите во затвор доколку го напуштите вашиот миленик
Share
Tweet
Share
Send to friend

Во Хрватска ќе одите во затвор доколку го напуштите вашиот миленик

Во Хрватска ќе одите во затвор доколку го напуштите вашиот миленик

Напуштањето на животните во Хрватска наскоро би требало да стане кривично дело со затворска казна до една година.

Тоа ќе биде дел од новиот пакет измени на Кривичниот законик, кој веќе една година го пречистува работната група на тамошното Министерство за правда и администрација, а кој досега бил втор план, па затоа за него не се дебатирало воопшто во јавност.

Но, од документите на работната група која работи на новиот закон, јасно се гледа дека во овој пакет измени Министерството одлучило да работи на зајакнување на заштитата на животните, со што напуштањето на животните се третира како кривично дело.

Во Хрватска за првпат напуштањето на животните се третира како кривично дело за кое може да се изрече затворска казна.

Извор: lokalno.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more