Vrabotuvanje.com - Дали Непалците, Филипинците, Индијците ќе ги истиснат Македонците од хрватскиот пазар на труд?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Дали Непалците, Филипинците, Индијците ќе ги истиснат Македонците од хрватскиот пазар на труд?

Дали Непалците, Филипинците, Индијците ќе ги истиснат Македонците од хрватскиот пазар на труд?
Во Хрватска работат голем број работници од Непал, Филипини, Индија, а за работни места во оваа земја се борат и македонските граѓани. Македонските работници веќе 10 години работат во Хрватска, најчесто сезонски додека трае летната туристичка сезона.
 
Сепак, Милан Џинлев од агенцијата за посредување Приорити солуции за вработување не верува дека работниците од другите земји ќе ги истиснат Македонците од хрватскиот пазар на труд.
 
„Тешко дека работниците од другите земји ќе ги истиснат нашите работници, затоа што нашите работници им требаат на Хрватите поради јазичното подрачје, а друга работа е што Непалците, Индијците, Филипинците работат потешки работи за кои другите не се нафаќаат, како на пример да помагаат во кујна, да чистат.  Јас искрено не верувам дека во иднина ќе се случи македонските работници да бидат поттиснати. Многу наши работници заминуваат без посредство на агенциите или ако отидат 5 месеци, ќе си создадат лични контакти, а потоа самите си наоѓаат работа и Хрватска има поголем дефицит на работна сила за разлика од нас, затоа што младите Хрвати заминуваат во Австрија“, рече Џинлев.
 
Но, други посредници велат дека приливот на евтина работна сила од други држави сепак може да ги помати сметките на македонските работници.
 
„Засега не е алармантно, гледаме да држиме до квалитет, но не знаеме што ќе се случува во иднина, затоа што тие работници би прифатиле да работат и за 500 евра, а наш работник не би отишол за толку малку пари. Некој газда за да заштеди, може наместо квалитет, да избере квантитет“, додаваат од друга агенција кој посредува при вработување.
 
Хрватските хотелиери годинава објавија дека имаат најмногу нови работници од Азија. И во соседна Србија има работници од Индија, Непал, Бангладеш, а Хрватска апсорбира илјадници странски работници на својот пазар. Според нивните изјави околу 60 отсто од работниците кои биле ангажирани кај нив лани, се вратиле и годинава, а се пофалија и дека последниве две години хотелиерите ги покачиле платите.
 
Извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more