Vrabotuvanje.com - ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ЈУЛИ 36.286 ДЕНАРИ - Поголема во споредба со минатата година, но помала од минатиот месец
Share
Tweet
Share
Send to friend

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ЈУЛИ 36.286 ДЕНАРИ - Поголема во споредба со минатата година, но помала од минатиот месец

Просечната плата во Македонија во текот на месец јули изнесувала 36.286 денари, објави Државниот завод за статистика.

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ЈУЛИ 36.286 ДЕНАРИ - Поголема во споредба со минатата година, но помала од минатиот месец

Како што посочуваат од ДЗС, платата во јули во однос на истиот месец претходната година се зголемила, па индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, изнесува 114.1.

- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19,5 отсто), Образование (17,2 проценти) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16,8 отсто).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7,9 проценти), Финансиски дејности и дејности на осигурување (5,3 отсто) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна  (4,6 проценти) - се наведува во соопштението на ДЗС.

Сепак, ако се направи споредба на месечно ниво, се забележува дека во месец јули просечната плата е помала отколку во јуни и во мај. Имено, во месец јуни годинава просечната плата изнесувала 36.527 денари, додека пак во мај 36.465 денари. 

Еве листа колкава била просечната плата секој месец годинава: 

  • јули 2023 година                  36.286 денари
  • јуни 2023 година                  36.527 денари
  • мај 2023 година                    36.465 денари
  • април 2023 година               36.134 денари
  • март 2023 година                 34.925 денари
  • февруари 2023 година          33.720 денари.
  • јануари 2023 година             33.943 денари

Извор: faktor.mk 

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more