Vrabotuvanje.com - Вработените на „Apple“ во Франција два дена ќе штрајкуваат за повисоки плати
Share
Tweet
Share
Send to friend

Вработените на „Apple“ во Франција два дена ќе штрајкуваат за повисоки плати

Вработените на „Apple“ во Франција два дена ќе штрајкуваат за повисоки плати
Работничките синдкати кои ги претставуваат вработените во компанијата „Епл“ во Франција ќе штрајкуваат во наредните два дена (22 и 23 септември). Овој потег е најавен од синдикатот ЦГТ, и како што пренесува „Ројтерс“, вработените во „Епл“ бараат повисоки плати и подобри услови за работа.
 
„Менаџментот на компанијата реши да ги игнорира нашите сосема легитимни барања и интереси. Поради тоа, четирите синдкати на компанијата Епл ритеил Франс организираа штрајк за 22 и 23 септември“, се наведува во соопштението од синдикатот ЦГТ објавено на соцјалната мрежа Х (Твитер).
 
Синдикатите барале зголемување на платите од седум насто за сите вработени, како би можеле да ги покријат трошоците предизвикани од инфлацијата. Но, од компанијата понудиле само 4,5 проценти.
 
Неодамна „Епл“ го претстави својот најнов ајфон 15. Штрајкот на вработените се совпаѓа со денот кога овој модел ќе биде пуштен во продажба. Последниот ваков производ на „Епл“ има нова титаниумска рамка, побрз процесор и подобри можности за играње на видео-игрите. Но, како што се наведува, најголемото изненадување претставува тоа што новот iPhone 15 доаѓа со стара цена. Односно ќе чини како и постарите модели.
 
Извор: pari.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more