Vrabotuvanje.com - Во Македонија речиси 90 отсто од возилата се постари од 10 години
Share
Tweet
Share
Send to friend

Во Македонија речиси 90 отсто од возилата се постари од 10 години

Минатата година на патиштата низ нашата земја имало 483 илјади автомобили, што е раст од 80 проценти за десет години, но огромен дел од нив се постари од 10 години, објави МИА повикувајќи се на податоци од МВР.

Во Македонија речиси 90 отсто од возилата се постари од 10 години

Просечната старост на возилата е во постојан раст и сега изнесува 19,5 години. Над 88 проценти биле постари од десет години. За десет години просечната старост се зголемила за околу 2,5 години, од 16,8 во 2012 година, на 19,5 во 2022 година.

Бројот на дизел возила на патиштата е зголемен за 200 проценти за десет години. Од над 115 илјади увезени возила во последните три години, две третини се половни дизел автомобили.

Бројот на увезени хибридни и електрични возила во структурата е речиси незначителен. Минатата година биле регистрирани 190 електрични возила.

Според Пописот од 2021 година вкупното резидентно население во земјава е 1 836 713 луѓе, додека бројот на регистрирани патнички возила е 477 820 или 260 на илјада жители.

Извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more