Vrabotuvanje.com - Работиме за пари, не од љубов: За подобра плата се преминува и во конкурентска компанија
Share
Tweet
Share
Send to friend

Работиме за пари, не од љубов: За подобра плата се преминува и во конкурентска компанија

Работиме за пари, не од љубов: За подобра плата се преминува и во конкурентска компанија

Во денешните брзо-растечки бизниси, прашањето „Дали да се префрлам во конкурентна компанија“ никогаш не било порелевантно. Како што индустриите продолжуваат да се трансформираат, потрошувачите и професионалците се наоѓаат на крстопат, размислувајќи за факторите што ја водат таквата клучна одлука.

Во оваа анкета, нашата цел беше да ги прашаме граѓаните што е тоа што ги мотивира поединците и организациите да ги прекинат врските со нивните сегашни провајдери и да тргнат на ново патување со конкурентен ентитет. Од промена на пазарната динамика до менување на очекувањата и развојните технологии, ги откриваме убедливите причини кои го поткрепуваат овој критичен избор.

Направивме анкета на тема: „Заради што би преминале во конкурентска компанија на моменталната?“ , а во истата учествуваа 701 испитаници. Еве ги резултатите:

9% од испитаниците одговориле дека би преминале во компанија конкурентска на моменталната Заради подобри бенефиции, додека 10% од испитаниците се изјасниле со одговорот: Заради подобра колегијална клима.

11% од испитаниците одговориле дека би преминале во конкурентска компанија на моменталната Заради поголем раст и развој. 

15% или 103 од анкетираните испитаници одговориле Заради подобар баланс меѓу работа и семејство, на што следи коментар: „Времето нема цена“.

Најголем дел - односно 55% од испитаниците или повеќе од половина одговориле дека би преминале во конкурентска компанија Исклучиво заради плата. На ова следат и коментари од типот: „Работам за пари не од љубов, „Платата пред сè, се друго е неважно“, „Платата е моривот на работникот“.

Во тек е нашата нова анкета во која прашуваме: Дали ја работите работата за која сонувавте како дете? (и која работа беше тоа?)

  •  

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more