Vrabotuvanje.com - Вработување.ком и официјално дел од Финската групација Алма Кариера
Share
Tweet
Share
Send to friend

Вработување.ком и официјално дел од Финската групација Алма Кариера

Вработување.ком и официјално дел од Финската групација Алма Кариера

На отварањате на 15 по ред HR конференција на која Вработување.ком е генерален покровител свое воведно обраќање имаше и основачот на првиот портал за огласи за вработување - Дарко Велков кој и официјално пред присутните обелодени дека Вработување стана дел од најголемата Европска групација на сајтови за вработување - Alma cаreer.

-Имено, за разлика од претходните години, денес ви се обраќам не само во име на порталот Вработување.ком, туку во име на групацијата Alma Career - Истакна Велков во својот поздравен говор, па додаде..

- Нашата  Вработување.ком и официјално од јули оваа година стана рамноправна членка и дел од оваа Финска групација на што сме посебно горди бидејки ја исполнивме нашата мисија и нашата цел, Вработување да стане признат европски бренд!

Групацијата Alma Career,  работи во 16 земји и е лидер во вработувањето во земјите од Југоисточна Европа, Балтикот, Балканот и Финска. А нивниот слоган кој станува слоган и на Вработување .ком е 

A better world of work for everyone. Inspired by people. Powered by technology. 

-Иако работиме на глобално ниво, нашите срца сè уште се локални, што значи дека сите информации за нашата работа и решенија во Македонија може да се најдат на нашите локални страници и сите социјални медиуми на Вработување.ком- нагласи Велков 

-Со ова отвораме уште едно ново поглавје на нашето заедничко патување во креирањето решенија за подобар свет на вработување. Со знаењето што го имаме и благодарение на пристапот до повеќе пазари и поширокиот дофат, современите технологии и иновации што ги имаме како дел од семејството Alma Career, сигурни сме дека ќе продолжиме да бидеме ваш најдобар партнер на патот кон наоѓање и вработување на вистинските кандидати.

Најголемата HR конференција која ја обединува заедницата за човечки ресурси од земјава се случува во Холидеј ин.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more