Vrabotuvanje.com - Најниската пензија е 11.897 денари, а највисоката 73.502: „Пари“ ги анализира зголемените примања на пензионерите
Share
Tweet
Share
Send to friend

Најниската пензија е 11.897 денари, а највисоката 73.502: „Пари“ ги анализира зголемените примања на пензионерите

Што донесе септемвриското зголемување на пензиите?

Најниската пензија е 11.897 денари, а највисоката 73.502: „Пари“ ги анализира зголемените примања на пензионерите

На првиот ден на исплатата на пензиите стигна официјална информација од Министерството за труд и социјална политика: пензиите се зголемуваат за 5,3 проценти.

Истовремено, и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување излезе со податоци за август, врз основа на кои „Пари“ пресмета колку со покачувањето изнесува просечната пензија, колку е најниската, колку е најголемата….

Според августовската статистика, во земјава пензија земаат 336.806 наши сограѓани. Со порастот од 5,3 проценти, просечната септемвриска пензија е 20.072 денари, а во август беше 19.062 денари, што е пораст од 1.010 денари.

Најниска пензија во август била 11.897 денари и ја земале 2.663 пензионери. Нивната пензија сега е зголемена за 630 денари, со што тие земаат 12.527 денари. Највисоката ја земаат 75 пензионери, и таа во август изнесувала 69.803, а во септември се зголемила за 3.699 денари и сега во октомври тие добиваат пензија од 73.502 денари.

Целиот текст прочитајте го на: pari.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more