Vrabotuvanje.com - „РОДИТЕЛИТЕ МИ НУДАТ 1.000 ЕВРА САМО ДА СТАНАМ“ - Лидија месец и пол се натпреварува во лежење: Се чувствувам како вчера да легнав, а уште НЕ СЕ ОДМОРИВ
Share
Tweet
Share
Send to friend

„РОДИТЕЛИТЕ МИ НУДАТ 1.000 ЕВРА САМО ДА СТАНАМ“ - Лидија месец и пол се натпреварува во лежење: Се чувствувам како вчера да легнав, а уште НЕ СЕ ОДМОРИВ

„РОДИТЕЛИТЕ МИ НУДАТ 1.000 ЕВРА САМО ДА СТАНАМ“ - Лидија месец и пол се натпреварува во лежење: Се чувствувам како вчера да легнав, а уште НЕ СЕ ОДМОРИВ

Во Црна Гора 43 дена трае лежечкиот натпревар за награда од 1.000 евра, а во борбата за првото место од 21 пријавени останаа уште тројца. Една од нив е Лидија Марковиќ која има 23 години и потекнува од Никшиќ. Како што вели, се чувствува „како да легнала вчера“ и ништо не и е тешко.

Воопшто не е тешко. Уште не се одморив и не планирам да станам. Ништо не е тешко. Дојдов овде да се одморам и навистина да уживам. Синоќа славевме илјада часа лежење. Ден 43 започна. Не се чувствувам како да лежам толку многу. Немам конкуренција“, изјави Лидија и откри какви биле правилата на ова натпреварување:

„Се е дозволено, само треба да лежиме. Во осум стануваме, имаме 15 минути пауза. Првата пауза ја користам во 10 часот наутро за да се тушираме, втората во 18 часот. Ја мијам косата, а потоа се враќам во кревет да ја исушам косата. Се снаоѓам лежејќи. Паузата после полноќ ја користам за тренинг. Потоа ја користам можноста да трчам што повеќе“, изјави таа.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more