Vrabotuvanje.com - Сакате да поседувате сопствен автомобил? Во оваа земја, дозволата за тоа чини 100.000 евра
Share
Tweet
Share
Send to friend

Сакате да поседувате сопствен автомобил? Во оваа земја, дозволата за тоа чини 100.000 евра

Сакате да поседувате сопствен автомобил? Во оваа земја, дозволата за тоа чини 100.000 евра

Цената на сертификатот за поседување семеен автомобил во Сингапур скокна на 146.002 сингапурски долари, што е околу 100.000 евра, а ова е и нов рекорд во таа земја.

Како што пишува Би-Би-Си, Сингапур во 1990 година воведе десетгодишен систем на сертификат за сопственост (COE) како мерка против натрупаноста. За да можат да купат автомобил, луѓето во Сингапур мора да го имаат овој сертификат.

Сертификатите се продаваат на аукција на секои две недели, а владата го контролира бројот на сертификати за продажба. Заедно со даноците и увозните давачки, системот го направи Сингапур најскапата земја во светот за купување автомобил.

На пример, новата Toyota Camry Hybrid чини околу 250.000 S$ во Сингапур, што ги вклучува трошоците за гореспоменатиот сертификат и даноците. Тоа е околу шест пати поскапо отколку во САД.

Цените на овие сертификати достигнаа рекордни нивоа неколку месеци по ред бидејќи закрепнувањето по пандемијата ја поттикна побарувачката. Најниската цена на автомобилот е 104.000 сингапурски долари, што е речиси три пати повеќе отколку во 2020 година.

Иако е релативно мала земја, Сингапур редовно се рангира меѓу земјите со најголем број милионери во светот. Но, обичните луѓе имаат просечна плата од околу 70.000 сингапурски долари, така што им е тешко да си дозволат автомобил.

Извор: mk.tv21.tv

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more