Vrabotuvanje.com - Зголемување на платите и на вработените во Град Скопје - Eве за колку
Share
Tweet
Share
Send to friend

Зголемување на платите и на вработените во Град Скопје - Eве за колку

Зголемување на платите и на вработените во Град Скопје - Eве за колку

Со потпишување на колективен договор со репрезентативниот синдикат на Град Скопје  платите се зголемуваат за 10 проценти. Платите се  зголемуваат на вработените во Град Скопје и вработените во јавните претпријатија. Според градоначалничката  зголемувањето е заради тоа што е неопходно вработените во јавниот сектор да бидат ефикасни, брзо и навремено да ги извршуваат работите и да испорачуваат услугите за граѓаните, а со покачувањето се стимулира подобрување на квалитетот на работа.

Пред неполни две години беше  поддржана иницијативата на Синдикалната организација на Град Скопје и потпишан нов Колективен договор со кој се проширија правата на вработените во градската администрација, се зголемија бодовите и се регулираа правата на пожарникарите. Дополнително во 2022 година Град Скопје беше првата единица на локална самоуправа која ги зголеми линеарно платите за 2800 денари на сите вработени, а со потпишувањето на овој колективен договор се овозможува зголемување за над 6000 вработени.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more