Vrabotuvanje.com - Во Европа доаѓа зима: Температурите би можеле да паднат под нулата, а се очекува и снег
Share
Tweet
Share
Send to friend

Во Европа доаѓа зима: Температурите би можеле да паднат под нулата, а се очекува и снег

Во Германија доаѓа зима, најавуваат германските метеоролози и веќе од следната недела се очекува пад на температурите, па дури и првите врнежи од снег.

Во Европа доаѓа зима: Температурите би можеле да паднат под нулата, а се очекува и снег

Во некои сојузни покраини во Германија во октомври температурите се над 25 степени, откако во септември ги достигнаа рекордните температури, а октомври им започна со летни температури. Но, тоа наскоро би можело да се промени и наскоро би можел да падне првиот снег во Германија.

Според прогнозата на германските метеоролози, времето во Германија ќе биде многу посвежо од 15 октомври. Конечно би можеле да завршат деновите со температури над 25 степени, пишуваат германските медиуми.

Европскиот временски модел покажува дека од викендот и следната недела кон Германија ќе се движат постудени воздушни маси. На едноставен јазик – на надморска височина од 1.500 метри температурата паѓа на -2 до -1 степен. Совршени услови за првиот снег.

Од следниот вторник се очекува снег на 600 и 700 метри надморска височина. Ова не е нималку невообичаено за средината на октомври, нагласува метеорологот.

Следните денови ќе покажат дали Германија ќе треба да се подготви за првиот снег. Има уште време за осцилации во временските прогнози, објаснува метеорологот.

Извор: brif.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more