Vrabotuvanje.com - Зошто животниот стандард сè повеќе опаѓа? Што релано му треба на обичниот граѓанин?!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Зошто животниот стандард сè повеќе опаѓа? Што релано му треба на обичниот граѓанин?!

Зошто животниот стандард сè повеќе опаѓа? Што релано му треба на обичниот граѓанин?!

Животниот стандард за обичниот граѓанин во слободен пат, и никако луѓето да застанат на „здрави нозе“ за колку толку да го ублажат скапиот живот и нормалното функционирање. Минималната синдикална кошница за едно семејство за септември ближи 50.000 денари, пари кои добар дел од народот можат само да ги сонуваат, покажуваат податоците на Синдикатот. Во однос на претходниот месец, потрошувачката кошничка е намалена за близу 1.000 денари, што според ССМ е резултат на загарантираните цени на прехранбените производи. Но, синдикалците имаат еден куп критики за власта која си тера по свое и никако да им излезе во пресрет на граѓаните.

Според работниците, потребни се брзи и сериозни мерки во областа на економијата преку инвестиции, развој на нови производствени капацитети, зголемена поддршка и субвенционирање на одредени економски зони, што ќе доведе до зголемување на платите и намалување на сиромаштијата.

– „Со зголемувањето на ДДВ за голем број производи од 5% на 10% ќе има зголемување на вредноста на потрошувачката кошничка, така што претходната мерка за гарантирани цени на основните прехранбени производи нема да има ефект. 120.000 граѓани не заработуваат ниту половина од она што е потребно за основни трошоци. Тие се на минимална плата и се очекува понатамошно зголемување на сиромаштијата на населението до 25%“, велат од ССМ.

Но, од власта тврдат дека замрзнувањето на цените и нивното намалување за 10% ја намалило и инфлацијата, која во моментов изнесува 6,6%. Од Државниот пазарен инспекторат велат дека за последните одлуки нема толеранција кон трговците.

Во меѓувреме, се подготвува закон за спречување на нефер трговски практики. Со него добивката ќе се ограничи на 10%, а не како досега да изнесува дури меѓу 30-40%, потоа траење на мерката најмалку 6 месеци, како и казни во износ од 20 илјади евра за нефер практики во синџирот на производство, снабдување, трговија и финална продажба на земјоделски и прехранбени производи. Но, овој закон се очекува да биде готов за пола година.

Извор: expres.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more