Vrabotuvanje.com - Помалку стрес, подобро расположение: Во Валенсија спроведен тест со четиридневна работна недела
Share
Tweet
Share
Send to friend

Помалку стрес, подобро расположение: Во Валенсија спроведен тест со четиридневна работна недела

Четиридневната работна недела го подобри здравјето на работниците намалувајќи го нивниот стрес, истовремено намалувајќи ја и емисијата на штетни гасови и имаше корист за децата, покажа пилот-програмата спроведена во Валенсија, а претставена синоќа.

Помалку стрес, подобро расположение: Во Валенсија спроведен тест со четиридневна работна недела

Валенсија, трет по големина во Шпанија со речиси 800 илјади жители, распореди локални празници да бидат во четири понеделници по ред, од 10 април до 7 мај оваа година.

Во проектот учествуваа 360 илјади работници.

Голем број учесници ги користеа подолгите викенди за да се вклучат во здрави навики како што се вежбање, одмор и готвење домашно зготвени оброци, според независниот Комитет за здравство и општествени науки што ја оценуваше програмата.

Податоците покажуваат подобрувања во здравјето, пониски нивоа на стрес и подобри чувства за замор, среќа, расположение и лично задоволство.

Намалувањето на употребата на моторни возила во текот на четирите понеделници доведе до подобрување на квалитетот на воздухот, а се испушташе помалку азот диоксид, покажуваат градските мерења.

Негативната страна на програмата е што пушачите и алкохоличарите ја зголемија потрошувачката на тутун и алкохол.

Висок процент од испитаниците изјавиле дека повеќе читаат, учеле, гледале филмови и се занимавале со хоби како фотографија, музика и сликарство.

Четиридневната работна недела најмногу им користеше на децата, бидејќи повеќе време поминуваа со родителите.

Секторот за услуги и туризам имаше повеќе гости во тој период, но трговците забележаа пад на продажбата, а итните медицински служби беа преоптоварени, бидејќи повеќе здравствени работници земаа одмор, се вели во извештајот.

Проектот беше дизајниран од градската лева коалиција Компромис, сојуз на прогресивни, зелени и регионални партии.

Социјалистичката влада на Шпанија минатата година започна сличен двегодишен проект фокусиран на малите и средни бизниси низ целата земја. 

Извор: republika.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more