Vrabotuvanje.com - По 14 илјади денари треба да ви легнат на сметка
Share
Tweet
Share
Send to friend

По 14 илјади денари треба да ви легнат на сметка

По 14 илјади денари треба да ви легнат на сметка

Со растот на просечната плата во Македонија, порасна и минималниот износ за К-15, кој, оваа година ќе изнесува најмалку 14.000 денари.

Оваа бројка се добива кога ќе се земат предвид последните просечни месечни плати што ги објавил Државниот завод за статистика и кога од нив ќе се пресмета правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти.

Исплатата на К-15 или регрес за годишен одмор законски требаше да почне од 1 јули годинава во сите фирми и институции во државата, зошто не постои компанија која е ослободена од плаќање на регрес за годишен одмор кој им следува на работниците.

Со доаѓањето на крајот на календарската година, така се стеснува и рокот до кој мора сите компании на своите работници да им го исплатат К-15.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more