Vrabotuvanje.com - Црногорците ќе одат во пензија само со 40 години стаж
Share
Tweet
Share
Send to friend

Црногорците ќе одат во пензија само со 40 години стаж

Уставниот суд на Црна Гора ги укина одредбите од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кои се предвидуваше пензионирање на мажите на 66 години, а на жените на 64 години, со минимум 15 години стаж.

Црногорците ќе одат во пензија само со 40 години стаж

Одлуката е испратена на објавување во Службен весник, по што ќе стапи во сила. По бришењето на оваа одредба, на старосна пензија може да се оди само со полни 40 години стаж на осигурување, пренесуваат црногорските медиуми.

Уставниот суд наведува дека Владата е должна во рок од еден месец од денот на објавувањето на одлуката во Службен весник да достави предлог закон до Собранието на Црна Гора со кој ќе се уреди правото на старосна пензија на осигурениците – мажи. а жените – согласно Уставот, согласно ставовите изнесени во оваа одлука“.

Извор: 4news.mk

 
 
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more