Vrabotuvanje.com - Продолжена мерката за „гарантирана цена“ до крајот на годината
Share
Tweet
Share
Send to friend

Продолжена мерката за „гарантирана цена“ до крајот на годината

Министерот за економија соопшти дека за еден месец се продолжува мерката за замрзнатите цени на одредени производи, по завршувањето на владината седница.

Продолжена мерката за „гарантирана цена“ до крајот на годината

Мерката „гарантирана цена“ се продолжува до крајот на годината, наместо до 30 ноември, како што беше претходно предвидено.

Со оваа мерка определени производи треба да останат на цените од 1 август и дополнително да бидат намалени за 10 отсто.

Како што објави Бектеши, до крајот на годината се очекува да биде изгласан Законот за нефер трговски практики со кој ќе се контролира рабатот, по што се очекува цените на производите и натаму да останат намалени.кога рокот на „гарантирана цена“ ќе заврши.

Извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more