Vrabotuvanje.com - Значително поскапија дел од цигарите во Македонија – Познат бренд кој се продаваше за 170, сега се продава за 180 денари
Share
Tweet
Share
Send to friend

Значително поскапија дел од цигарите во Македонија – Познат бренд кој се продаваше за 170, сега се продава за 180 денари

Доста познат бренд на цигари кој во Македонија се продаваше за 170 денари до вчера, од денес се продава десет денари поскапо и чини 180 денари.

Значително поскапија дел од цигарите во Македонија – Познат бренд кој се продаваше за 170, сега се продава за 180 денари

Интересно е што ова поскапување не е предизвикано од државата, бидејќи акцизата ќе се зголеми дури на први јануари.

Информацијата за поскапувањето на дел од брендовите на цигари ја потврди и Centar.mk во еден од маркетите.

Голем дел од граѓаните пазарат цигари од соседните земји или од фришопови токму поради поевтините цени, кои во фришоповите се драстично поевтини.

Од први јануари кутија цигари треба да чини околу 5 денари поскапо

Цигарите, пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари поскапуваат од следната година, кога стапуваат во сила измените на Законот за акцизите. Собранието ги усвои овие измени на 3 октомври.

Цигарите ќе поскапат за 5 денари по кутија.

Дополнително, со усвоените измени, секој 1 јануари до 2030 година, акцизата на цигарите ќе се зголемува за 0,23 денари по парче.

Ваква законска одредба имаше и досега, но таа истече годинава.

Извор: centar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more