Vrabotuvanje.com - Германската индустрија за храна се соочува со недостиг на работници
Share
Tweet
Share
Send to friend

Германската индустрија за храна се соочува со недостиг на работници

Просекот за тоа колку време на некој производител во Германија му е потребно да пронајде адекватен работник сега веќе се протега на 200 дена

Германската индустрија за храна се соочува со недостиг на работници

Германската прехранбена индустрија се соочува со сериозен недостиг на квалификувана работна сила, а сето ова се заострува со непостоечкиот интерес за практичните обуки и растечките трошоци за производство, пишува германската новинска агенција ДПА. 

„Бројот на отворени работни места во германската прехранбена индустрија е над европскиот просек. Потребата за работници трае веќе подолго“, изјави во среда директорката на Здруженијата на работодавци во индустријата за храна и пијалаци Штефани Забе.

Недостатокот на работници со истовремениот пораст на трошоците за производи се „локални недостатоци кои политиката мора да ги решава“, додаде таа. Просекот за тоа колку време на некој производител во Германија му е потребно да пронајде соодветен работник сега веќе се протега на 200 дена.

Со тоа, според статистичките податоци од крајот на март, бројот на вработени лица во индустријата опаднал за 1,5 отсто. Посебно е значајно намалувањето на бројот на практиканти. На 31 март во индустријата биле вработени повеќе од 23.300 практиканти, односно за 8,2 отсто е намален во однос на претходната година.

Според податоците на здружението, околу 6.200 претпријатија во германската индустрија за храна и пијалаци сега вработуваат околу 637.000 луѓе.

Извор: meta.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more