Vrabotuvanje.com - Од денеска затворен локалниот пат до овој граничен премин!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Од денеска затворен локалниот пат до овој граничен премин!

Пристапот обезбеден по привремен пат

Од денеска затворен локалниот пат до овој граничен премин!

Од денеска ќе биде затворен за сообраќај локалниот пат до селото Блаце пред граничниот премин. Пристапот до Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин за што е поставена сообраќајна сигнализација.

Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека се воведува режим на сообраќај на овој патен правец поради градежни работи на автопатот А4, делница ГП „Блаце” – Скопје (клучка „Стенковец”) подделница 1.

Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на два километри пред граничниот премин, сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

извор: nezavisen.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more