Vrabotuvanje.com - Доларот расте, во пад цените на нафтата
Share
Tweet
Share
Send to friend

Доларот расте, во пад цените на нафтата

На валутните пазари американскиот долар зајакна во однос на кошницата валути, додека цените на нафтата бележат пад

Доларот расте, во пад цените на нафтата

Индексот на доларот, која ја искажува вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути, во претпладневното тргување се движи околу 105,36 поени, додека во истиот период вчера изнесуваше 105,07 поени.

Притоа, курсот на доларот во односот на јапонската валута порасна од вчерашните 149,55 на 150,20 јени. Американската зајакна и во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна на 1,0710 долари, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваш 1,0725 долари.

Цените на нафтата, пак, претладнево се во пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 0,67 отсто, на 84,60 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,62 отсто, на 80,30 долари.

извор: dosie.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more