Vrabotuvanje.com - Снег или повторна стабилизација: Какво време не очекува?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Снег или повторна стабилизација: Какво време не очекува?

Снег или повторна стабилизација: Какво време не очекува?

По преодната стабилизација на времето која настапи кај нас во изминатите денови, поради продор на влажен воздушен бран од Атлантикот, од денес имаме нови врнежи од дожд, локално и обилни, особено во западните и во северните предели. Ќе бидат проследени со засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Потоа во четврток повторно ќе има краткотрајна стабилизација на времето, додека во петок, како и за време на викендот повторно очекуваме врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи.

„Овој пат поради продорот на постуден воздушен бран од северен, на високите планини ќе има и врнежи од снег. Снежната граница ќе се наоѓа од 2.000 метри па нагоре, а не се исклучува можноста повремено во северозападните предели таа да се спушти и под 2.000 метри. Повторно до самиот крај на оваа недела локално се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). Температурите во следниот период ќе опаднат за 3 до 7 степени во споредба со сегашните  и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени, додека во најтоплите југоисточни предели тие повремено ќе се искачат и до 20 степени“, вели метеорологот Славчо Попоски. 

Наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој насекаде ќе се спуштаат под 10 степени, а во Малешевијата и под 5 степени, повремено и до околу 0 степени, со што во овој дел од Македонија е можна појава на слаб мраз.

извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more