Vrabotuvanje.com - Следната недела нов пакет антикризни мерки
Share
Tweet
Share
Send to friend

Следната недела нов пакет антикризни мерки

Според Владата, мерките во однос на намалувањето на цените на прехранбените производи веќе даваат резултати, а дополнително намалување на цените се очекува и со предложениот закон за нефер трговски практики којшто се очекува идната недела да биде усвоен на владина седница, а потоа и испратен до Собранието.

Следната недела нов пакет антикризни мерки

Следната недела ќе биде објавен новиот пакет антикризни мерки, најавија од Владата. Во меѓувреме, мерката со која дел од прехранбените производи се продаваат со „гарантирана цена“ е продолжена до крајот на годината.

Од 20-ти септември годинава почна да важи мерката за „гарантирана цена“ на вкупно 24 категории прехранбени производи, а на 27 септември беше проширена и со безалкохолните пијалоци, газираната и негазираната вода и пивото. Цените на производите, согласно одлуката, треба да се најмалку 10 отсто пониски од цените регистрирани на 1 август.

Според Владата, мерките во однос на намалувањето на цените на прехранбените производи веќе даваат резултати, а дополнително намалување на цените се очекува и со предложениот закон за нефер трговски практики којшто се очекува идната недела да биде усвоен на владина седница, а потоа и испратен до Собранието.

Додека се чекаат антикризните мерки, вчера Државниот завод за статистика излезе со најновите податоци за трошоците на живот за октомври, според кои инфлацијата е намалена за 1,5 проценти во однос на септември, а зголемена за 3,5 проценти во споредба со октомври лани. 

Извор: mrt.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more