Vrabotuvanje.com - Анкета: Секој четврти човек во Германија се чувствува длабоко осамен
Share
Tweet
Share
Send to friend

Анкета: Секој четврти човек во Германија се чувствува длабоко осамен

Секој четврти граѓанин на Германија чувствува длабока осаменост, а многу почесто е ова изразено кај депресивните личности, наведува истражување што беше објавено во вторникот, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Анкета: Секој четврти човек во Германија се чувствува длабоко осамен

Кај личностите кои според сопствени зборови се депресивни, уделот на длабоката осаменост е дури 53 отсто, покажува анкетата на овогодинешниот германски Барометар на депресија.

Субјективното чувство на осаменост е утврдено според неколку критериуми. Анкетираните, на пример, се прашани дали имаат некој со кого може да разговараат за секојдневните проблеми или дали им недостасува навистина добар пријател.

Германската организација „Помош во депресија“ оценува дека чувството за осаменост, кое е тежиштето на овогодинешното истражување, е првенствено симптом, а не причина за депресија.

Имено, депресивните личности често се повлекуваат во себе. Затоа е посебно важна поддршката на семејството и пријателите на загрозените во борбата со болеста која може да се излечи.

Во анкетата за потребите на оваа организација, онлајн биле испитани нешто помалку од 5.200 возрасни кои имаат до 70 години, меѓу кои лица кои се и не се депресивни.

Ова е седмо вакво истражување за депресијата направено во Германија, објавено со поддршка на Фондацијата на Германските железници.

Фондацијата соопшти дека ако некој подолго од две недели чувствува одредени симптоми тоа можеби укажува на депресија. Во симптомите спаѓаат потиштеност, губење на интересирање и нерасположение, потоа, пореметувања во сонот, чувство за вина и суицидни мисли.

Извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more