Vrabotuvanje.com - Колку точно пари СЕ ПОТРОШЕНИ на автопатот Кичево - Охрид?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Колку точно пари СЕ ПОТРОШЕНИ на автопатот Кичево - Охрид?

Досега е потрошено цело богатство за автопатот Кичево - Охрид од 56,7 километри, финансирано од кинеската „Ексим Банка“. Новиот извештај за работата на ЈП „Државни патишта“ во 2022 кој по одобрение од Владата e објавen деновиве, покажува дека до крајот на минатата година веќе биле потрошени околу 450 милиони евра.

Колку точно пари СЕ ПОТРОШЕНИ на автопатот Кичево - Охрид?

„Вкупно реализирано 447.383.985 евра (заклучно со 62-та ситуација), што изнесува 66 отсто во однос на 598.074.670 евра“, запишано е во отчетот на јавното претпријатие.

До 1 јули за оваа година за реализација на автопатската делница Кичево - Охрид финансирана од кинеската Ексим Банка потрошени се 1,006 милијарди денари, или само 16,36 милиони евра, стои дополнително во полугодишниот извештај на ЈПДП за првата половина од 2023. Ако се сумира вкупно, реализацијата се движи кон 500 милиони евра, а до крајот на годината треба да биде појасно дали работата ќе продолжи со истиот изведувач и финансиер.

Извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more