Vrabotuvanje.com - Колку навистина го чини Apple за да направи еден iPhone?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Колку навистина го чини Apple за да направи еден iPhone?

Најновата серија на уреди на iPhone беше лансирана во средината на септември, со одредени поскапувања на американскиот пазар.

Колку навистина го чини Apple за да направи еден iPhone?

Сепак, иако конечната бројка е онаа за која најмногу се зборува, дали некогаш сте се запрашале колку го чини Apple да направи еден iPhone?

Секако, бидејќи има четири модели, имаме и четири различни одговори. Според анализата на Nikkei, утврдено е дека сегашната серија на iPhone 15 чинела помеѓу 8 и 16 отсто повеќе за да се направи отколку со претходните модели, пренесува SmartLife.

Очекувано, iPhone 15 Pro Max е најскапиот телефон што го произведува Apple, а вкупната цена на материјалите е 558 долари, што е за 12 отсто поскапо од моделот 14 Pro Max.

iphone

Најмалата разлика во однос на претходната генерација е видлива на уредот iPhone 15 Pro, чии компоненти чинат 523 долари, што во превод значи 8 отсто поскапи од моделот 14 Pro.

Кога станува збор за моделот iPhone 15 Plus, се проценува дека Apple морал да издвои 442 долари за неговото производство или 10 отсто повеќе отколку за моделот 14 Plus.

iPhone 15 – 16% поскап
Многумина ќе помислат дека најголемото изненадување е обичниот iPhone 15. Изработката на овој модел го чинеше Apple 423 долари, што е за 16 отсто повеќе отколку што беше случајот со телефонот iPhone 14. Меѓутоа, ако се земе предвид колку мали беа промените во однос на iPhone 13, како и фактот дека моделот 14 се покажа како телефон кој најмногу губи во вредност на пазарот на користени уреди на Apple, сликата станува многу појаснa.

iphone

Погледот на втората анализа, објавена од Counterpoint Research на 9 ноември, ни дава увид кои делови поскапеле, а кои поевтиниле. Очекувано, Apple мораше да одвои повеќе пари за подобар сензор за камера, за титаниумско куќиште за потребите на моделот Pro, како и за A17 Pro, првиот чипсет направен на процес на производство од 3 nm. Од друга страна, гигантот од Купертино го фаворизираа пониските цени на меморијата и екраните.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more