Vrabotuvanje.com - Колку бавно смеете да возите на автопат во Германија?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Колку бавно смеете да возите на автопат во Германија?

Терминот „минимална брзина“ не постои во германскиот Закон за патен сообраќај, но постои регулатива според која возилата што не можат да развијат брзина поголема од 60 километри на час не смеат да се движат по автопат во Германија.

Колку бавно смеете да возите на автопат во Германија?

– Без добра причина, моторните возила не можат да возат толку бавно и со тоа да го попречуваат протокот на сообраќај. Возачот мора да вози во рамките на локалното ограничување на брзината на таков начин што ќе придонесе за протокот на сообраќајот – според германското автомобилско здружение.

Секој што намерно ги попречува другите возила со бавно возење може да биде казнет со 20 евра. Прописите за патниот сообраќај, исто така, наведуваат дека брзината треба да се приспособи на околностите, вклучувајќи ги условите на патот, сообраќајните услови и временските услови.

Личните вештини на возачот, исто така, играат улога: на пример, возач почетник може да вози повнимателно и побавно. Како друга можна причина за малата брзина здружението ги наведува големите и тешки транспортни возила и постарите автомобили со мала моќност на моторот.

Извор: emigriko.mk

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more