Vrabotuvanje.com - 30 ноември ќе биде неработен ден за администрацијата и училиштата во Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

30 ноември ќе биде неработен ден за администрацијата и училиштата во Скопје

За сите вработени во државната и јавната администрација на подрачјето на Град Скопје, 30 ноември (четврток) ќе биде неработен ден поради одржувањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ.

30 ноември ќе биде неработен ден за администрацијата и училиштата во Скопје

Работното време на 29 ноември 2023  (среда), пак, ќе заврши во 12 часот. Одлуката ја донесе Владата денеска на седница, на предлог на Министерството за надворешни работи.

-Овие заклучоци се однесуваат и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, а не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје - коишто е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање, информира владината прес-служба наведувајќи дека на скопските општини и на Град Скопје им се препорачува да ги спроведат заклучоците.

Оваа препорака се однесува и на приватниот сектор на подрачјето на Скопје, особено во Општината Карпош и на општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар палас“.

Извор: press24.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more