На планината Копаоник од утрово падна снег, прв оваа есен. Снежната прокривка е дебела два сантиметри.
Републичкиот хидромеолошки завод на Србија за викендот најави пад на температурата и можност послаб снег да паѓа во ридско-планинските предели низ Србија.
Според македонскиот метеоролог Славчо Попоски целиот регион за време на викендот ќе биде под влијание на овој студен бран од север, па така на планините ќе дојде до формирање на првата позначителна снежна покривка (понекаде и за над 20 сантиметри), што важи и за Македонија.
Најмногу снег ќе падне во планинските места во соседна Бугарија (над 50 сантиметри).