Vrabotuvanje.com - Платата е 185.000 долари: Мистериозен милијардер бара пар за работа на неговиот остров
Share
Tweet
Share
Send to friend

Платата е 185.000 долари: Мистериозен милијардер бара пар за работа на неговиот остров

Мистериозен милијардер нуди 185.000 долари на пар за една година да живее на неговиот приватен остров на Карибите, но има одредени услови.

Платата е 185.000 долари: Мистериозен милијардер бара пар за работа на неговиот остров

Имено, според огласот објавен од агенцијата за вработување Ферфакс и Кенсингтон, се очекува избраниот пар да работи со полно работно време промовирајќи го приватниот остров на социјалните мрежи.

Нивната главна задача би била секојдневно да снимаат на Британските Девствени Острови, документирање на напредокот и изградбата на недвижен имот за да го прикажат ова место како вистинска мала луксузна оаза.

Џорџ Дан од агенцијата Ферфакс и Кенсингтон објаснува дека сопственикот сака да ја истакне убавината на својот остров, но за тоа сака да ангажира инфлуенсери да го направат тоа.

Се очекува двојката што ќе ја добие работата да управува со објекти и настани, а освен да знае како функционираат социјалните мрежи, мора да има и искуство во водење на луксузната индустрија, што значи работа на јахти или во вили.

Ostrvo, destinacija, bogataši

За една година работниот пар ќе добие повратен лет за дома и 25 дена годишен одмор, кој ќе може да го искористи на некој од соседните острови.

Интересно е што идентитетот на сопственикот и спецификите на островот сè уште се тајна.

Инаку, сопствени приватни острови во оваа област имаат и сопственикот на Virgin Airlines Ричард Бренсон и еден од основачите на Google Лери Пејџ.

За да аплицираат, инфлуенсерите мора да достават видео на TikTok, кое ќе го прегледа личниот тим на милијардерот. Според агенцијата, тие наскоро ќе избираат кандидати.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more