Vrabotuvanje.com - Момче го прашало принцот Вилијам колку пари има на банкарската сметка: Настанал молк, а потоа се дознала „астрономската“ цифра
Share
Tweet
Share
Send to friend

Момче го прашало принцот Вилијам колку пари има на банкарската сметка: Настанал молк, а потоа се дознала „астрономската“ цифра

Доколку го прашате принцот Вилијам колку пари има на кралската банкарска сметка, не може да ви даде прецизен одговор затоа што ниту тој сам не знае колку пари има.

Момче го прашало принцот Вилијам колку пари има на банкарската сметка: Настанал молк, а потоа се дознала „астрономската“ цифра

Ова прашање му го поставило момче кое има само 11 години.

Принцот Вилијам добил симпатии при посета на еден од младинските клубови во Манчестер кога 11-годишното момче со големо интересирање го прашало – колку пари има на својата банкарска сметка?

На принцот прашањето му било поставено додека тој се дружел со младите во „The Hideway Youth Project“, водечкиот партнер на „Manchester Peace Together Alliancea“ во Мос Сајд.

Таму 11-годишниот Амир Хасан го фатил неподготвен и добро го насмеал кога го прашал: „Колку пари имаш на банкарската сметка?“.

Принцот рекол дека не знае колку пари има во својата кралска благајна.

Според британските медиуми, се верува дека принцот Вилијам бил „тежок“ околу милијарда фунти, а „The Sunday Times“ пишува дека откако го наследил имотот од неговиот татко може да се пофали со богатство поголемо од 20 милијарди фунти.

Извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more