Vrabotuvanje.com - Преку оваа апликација ќе можете да преведете фотографија сликана со вашиот телефон
Share
Tweet
Share
Send to friend

Преку оваа апликација ќе можете да преведете фотографија сликана со вашиот телефон

Преку оваа апликација ќе можете да преведете фотографија сликана со вашиот телефон

Со помош на Translate апликацијата ќе можете да ја користите камерата на вашиот паметен телефон за превод на текст. Станува збор за опција која ќе ви биде од голема корист бидејќи со нејзина помош ќе можете да преведувате знаци или ракописни белешки.

Апликацијата преведува 103 јазици, а дури 59 се достапни дури и кога немате пристап до интернет. Ова е совршено доколку сакате да си го олесните преведувањето и да не мора рачно да го впишувате поимот.

Се што треба да направите е да го фотографирате поимот што сакате да го преведете и да го изберете јазкот на кој сакате да ви биде преведен истиот. Апликацијата ќе изврши скенирање на фотографијата и корисникот ќе треба со прст да го означи текстот што сака да му биде преведен. Откако посакуваниот текст ќе биде означен, апликацијата ќе изврши превод на одбраниот јазик. За да имате пристап до оваа апликација треба да користите барем Android 2.3.

Апликацијата содржи уште една корисна опција. Со нејзино користење можете да извршите преведување на  вашите смс пораки секогаш кога ќе имате потреба од тоа.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more