Vrabotuvanje.com - Ќе се субвенционира зголемувањето на платите во ПРИВАТНИОТ СЕКТОР!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ќе се субвенционира зголемувањето на платите во ПРИВАТНИОТ СЕКТОР!

Владата објави дека повторно ќе го субвенционира зголемувањето на платите во приватниот сектор, како антикризна мерка, но овој пат опсегот на субвенционирање ќе биде за зголемувања од 3.000 до 10.000 денари за работниците од страна на работодавачите.

Ќе се субвенционира зголемувањето на платите во ПРИВАТНИОТ СЕКТОР!

Ова ќе важи само за тие што имаат плата најголема до една и пол просечна во последните три месеци.

– За зголемениот износ се плаќа само данок на личен доход, а се ослободува за тој дел од плаќање на придонеси, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Мерката ќе трае во наредните 12 месеци. Претходната мерка за субвенционирање на зголемениот износ на плати од страна на Владата заврши лани и важеше за зголемување на платите дополнително до 6.000 денари.

Извор: netpress.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more