Vrabotuvanje.com - НЕМА ПОВЕЌЕ ДА СЕ ПРОДАВА ВОЗДУХ: Чипс со воздух или поголема кутија за мал производ ОДAT ВО ИСТОРИЈАТА
Share
Tweet
Share
Send to friend

НЕМА ПОВЕЌЕ ДА СЕ ПРОДАВА ВОЗДУХ: Чипс со воздух или поголема кутија за мал производ ОДAT ВО ИСТОРИЈАТА

Кесички чипс полни со воздух, пакување со повеќе пластика отколку производ, големи кутии и малку содржина, сето тоа ќе остане во историјата.

НЕМА ПОВЕЌЕ ДА СЕ ПРОДАВА ВОЗДУХ: Чипс со воздух или поголема кутија за мал производ ОДAT ВО ИСТОРИЈАТА

Ова го тврди хрватската европратеничка Билјана Борзан во соопштение за медиумите.

„Дури 73 отсто од граѓаните на ЕУ велат дека биле заведени од големото пакување на производот. Имено, иако количината е напишана на производот, потрошувачите често ја „преценуваат“ количината на содржината, а кога ќе стигнат дома се непријатно изненадени. Добивам многу прашања од граѓаните за производи како чипс, снегулки, па дури и производи кои доаѓаат во шишиња“, вели Билјана Борзан.

Затоа, Европскиот парламент ја потврди забраната за пакување чија единствена цел е да го доведе потрошувачот во заблуда за количината на самиот производ, како што се непотребните слоеви на пакување или лажното дно, се вели во соопштението, пренесува Индекс.

„Просечниот жител на ЕУ фрла околу 188,7 килограми отпад од пакување, а во Хрватска се фрлаат околу 75 килограми, од кои само мал дел се рециклира. Со оваа одредба ќе обезбедиме граѓаните да добијат најмногу за своите пари , но и заштита на животната средина“, вели Борзан.

Извор: vecer.mk

 
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more