Vrabotuvanje.com - Оваа компанија воведува четиридневна работна недела за работниците во производството
Share
Tweet
Share
Send to friend

Оваа компанија воведува четиридневна работна недела за работниците во производството

Оваа компанија воведува четиридневна работна недела за работниците во производството

Италијанскиот производител на луксузни автомобили Ламборџини постигна договор со синдикатите ФИОМ и ФИМ-ЦИСЛ за воведување четиридневна работна недела за своите производствени работници, претставници на компании и работнички здруженија соопштија вчера.

Синдикатите ФИОМ и ФИМ-ЦИСЛ договорот го нарекоа историски бидејќи Ламборџини како прва компанија во европската автомобилска индустрија значително го намалува работното време без намалување на платите, пренесува Ројтерс.

“Работејќи се помалку и подобро, тоа е принципот по кој се водеа овие преговори“, се вели во соопштението на синдикатот.

извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more