Vrabotuvanje.com - Отворена најголемата игротека во Скопје - платите до 40.000 денари!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Отворена најголемата игротека во Скопје - платите до 40.000 денари!

Продолжуваат изненадувањата во Diamond Mall. Сите сонувачи со отворени очи, отсега имаат свое место во „срцето на градот“. Од 1 декември започна со работа „Зоната на соништата“ (Dream Zone), каде што децата, но и возрасните, ќе можат да уживаат во светот на фантазијата.

Отворена најголемата игротека во Скопје - платите до 40.000 денари!

„Зоната на соништата“ е лоцирана на две нивоа, на првиот и вториот кат во Diamond Mall, на површина од 3.500 метри квадратни, што ја прави една од најголемите во земјава.

No alternative text description for this image

„Зоната на соништата“ е уникатна и по своите содржини. Посетителите ќе можат да уживаат во трите тематски делови „Roleplay House“, „Kids Venture“ и „Immersive Zone“, каде што има 15 различни содржини. Таа има и едукативен дел, сместен во „Roleplay House“, каде во автентичен простор, децата ќе можат да учат за различни професии и активности од секојдневниот живот, како на пример што се случува во полициска станица, библиотека, пожарна служба, супермаркет и слично. Зоната има ресторан, сместен на првиот кат, и кафуле, кое е лоцирано на приземјето, а за посебни прослави има соодветна наменска просторија.

No alternative text description for this image

„Зоната од соништата е многу важен дел од Diamond Mall и ние сме исклучително задоволни што можеме да ја претставиме и отвориме за децата од различни возрасти. Како што е и името на овој простор, сакаме да ги поттикнеме најмладите да сонуваат и да се стремат кон вистинските вредности во животот. Ексклузивна карактеристика на ,Зоната од соништата’ е комбинацијата од забава и едукација и е развиена според најновите трендови за ваков тип на содржини. Уверени сме дека, покрај другите содржини, ќе биде причина за посета на трговскиот центар и дека ќе привлече деца и возрасни од целата земја, но и од соседството“, истакна Селин Октај, генерална менаџерка на Diamond Mall.

No alternative text description for this image

За функционирањето на „Зоната на соништата“ се грижат вкупно 20 обучени вработени, чија задача е да ги водат децата низ играта и едукацијата за време на нивниот престој во овој простор.

No alternative text description for this image

Еден оператор во оваа зона се грижи за група од 8-10 деца. Заедно со „Гурманската Авенија“ (Gourmet Avenue) и продажниот сегмент сочинет од 150 продавници, „Зоната на соништата“, е една од трите клучни целини на Diamond Mall. Со отворањето на „Зоната на соништата“ се става во функција целокупниот концепт на Diamond Mall. Минатата недела започна со работа и „Гурманската авенија“, при што ресторанот „Amigos” прв ги дочека своите гости, а по него и „M House” и „Sarajeva Steak House”.

No alternative text description for this image

Наскоро ќе започнат со работа и „Su Roastery”, „SushiCo”, „Tribeca” и „The Table”. Diamond Mall беше отворен на 20 октомври годинава и за кратко време стана едно од најомилените места во Скопје. Трговскиот центар располага со голем број влезови кои овозможуваат лесна пристапност од било кој дел на централното градско подрачје, независно дали се доаѓа со возило, со јавен превоз или пешки. На располагање на посетителите на центарот се ставени и 2.900 паркинг места. Групацијата „Лимак“ инвестираше над 350 милиони евра во изградба на мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“, од кој е дел и Diamond Mall.

Доколку сакате да бидете и вие дел од оваа приказна сè уште имате шанса да аплицирате:

ОГЛАС ЗА РАБОТА: Оператори во забавен центар ,,Dream Zone’’ (Diamond mall) 
плата до 40.000 ден. 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more