Vrabotuvanje.com - Жените плаќаат повеќе од мажите за иста роба
Share
Tweet
Share
Send to friend

Жените плаќаат повеќе од мажите за иста роба

Жените плаќаат повеќе од мажите за иста роба

Жените не само што се помалку платени од мажите, туку плаќаат повеќе за иста стока, според истражувањето на Одделот за потрошувачки прашања во Њујорк.

Телевизијата Си-Би-Ес објави дека студијата покажала дека жените во просек плаќаат седум отсто повеќе за исти производи од мажите.

Шлемовите за деца на американска компанија чинат повеќе кога се наменети за девојчиња иако се исти по структура - шлем со розов еднорог чини 27,99 долари, додека истиот со ајкула чини 14,99 долари.

Скутерите на друга компанија, кои се разликуваат само по боја, имаат уште поголема разлика во цената - црвениот за момчиња чини 24,99 долари, додека розовиот за девојчињата 49,99 долари.

Компанијата што ги продава овие скутери изјавила дека драстичната разлика во цената е резултат на „системска грешка“ и набргу откако противењето на потрошувачите ги изедначи цените, но изјави дека другите разлики во цените се поврзани со „производствени трошоци и други фактори“. Истражување на Одделот за прашања на потрошувачите, споредени се речиси 800 производи со машки и женски верзии во 35 категории – од играчки до облека до здравствени производи. Женските верзии се поскапи во 42 отсто од случаите.

Производите за лична нега имаат најголема разлика во цената - во просек козметичките производи наменети за жени се поскапи за 13 отсто, а особено се производите за коса, со просечни 48 отсто поскапи ако се за жени.

За разлика од законите кои ги спречуваат родовите разлики во платите, таква регулатива не постои за цените на производите за мажи и жени.

извор: vesnik.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more