Vrabotuvanje.com - Македонските толкувачи може да се пријават на огласот на ЕУ – службите на Унијата бараат конференциски толкувачи на македонски јазик
Share
Tweet
Share
Send to friend

Македонските толкувачи може да се пријават на огласот на ЕУ – службите на Унијата бараат конференциски толкувачи на македонски јазик

Сите заинтересирани македонски толкувачи може да се пријават на огласот на Европската Унија со кој се бараат толкувачи на македонски јазик.

Македонските толкувачи може да се пријават на огласот на ЕУ – службите на Унијата бараат конференциски толкувачи на македонски јазик

„Преведувачките служби на ЕУ го отворија повикот и организираат тестирања за акредитација на конференциски толкувачи со македонски јазик (МК) како А-јазик“ напиша вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на социјалните мрежи.

Тој ги повика сите заинтересирани македонски толкувачи да се пријават и со тоа да придонесат кон професионално толкување и промоција на македонскиот јазик низ институциите на Европскта Унија.

Повикот објавен на веб страницата на ЕУ, е отворен до 19 јануари идната година и според истиот, ангажираните преведувачи ќе може да работат за Европскиот Парламент, Европската комисија или Европскиот суд на правдата.


Извор: centar.mk
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more