Vrabotuvanje.com - Секој петти македонец не знае колку точно заработува нивниот партнер
Share
Tweet
Share
Send to friend

Секој петти македонец не знае колку точно заработува нивниот партнер

Разликата во приходите е потенцијален извор на несогласувања или дури и љубомора меѓу животните партнери.

Секој петти македонец не знае колку точно заработува нивниот партнер

Дали партнерите си ги знаат износите на приходите, дознавме преку анкета спроведена на нашиот сајт во која учествуваа повеќе од 400 испитаници.

Разговорите за пари во романтична врска можат да бидат деликатен танц. Еден особено интригантен аспект на ова финансиско танго е прашањето дали партнерите треба или не треба да ги откриваат деталите за нивните плати едни на други. Парите, кои често се сметаат за приватна работа, имаат моќ да ги обликуваат изборите за животниот стил, аспирациите, па дури и динамиката на врската.

Направивме анкета на оваа тема во која ги прашавме граѓаните: „Дали на партнерот/ката му кажувате колку плата заработувате?“, а во истата учествуваа 408 испитаници. Еве ги резултатите: 

12% од испитаниците одговориле дека кажуваат колку плата заработуваат, ама не ги пријавуваат бонусите.

20% или 82 од анкетираните испитаници одговориле: Не. Секој си ја троши својата плата.

Најголем дел - односно 68% или 279 од испитаниците одговориле со: Да. Кажувам точно колку заработувам. На ова следат и коментари од типот: „Мислам дека треба да се знае кој колку заработува заради доверба со брачниот другар“, „Нема потреба од криење“

Во тек е нашата нова анкета во која прашуваме: Дали успевате секој месец да ставите нешто на страна од платата?

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more