Vrabotuvanje.com - „Пролет“ и шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и во сабота
Share
Tweet
Share
Send to friend

„Пролет“ и шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и во сабота

„Пролет“ и шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и во сабота

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет” во Скопје ќе работи и на 16.12.2023 (сабота) од 08 до 16 часот.

Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување. Исто така, во сабота (16.12.2023) ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ (од 08 до 20 часот) и Беко (од 08 до 16 часот), известуваат од МВР. 

Извор: skopjeinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more